Државниот правобранител побарал од Антикорупциската комисија да ги суспендира обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро сè додека не се завршат предметите поврзани со имотот на Трансмет, во случајот Труст. Во претставката до Комисијата, правобранителството навело дека има судир на интерес, а против обвинителите се поднесени кривични пријави. За овој предмет Антикорупциската комисија се прогласи за ненадлежна со објаснување дека за суспензија одлучува републичкиот обвинител Јовески.
Членовите на антикорупциска побараа и отчетност од Обвинителството за предметите кои ги отвораат.
На седницата на Комисијата при разгледувањето на неколку претставки беа наведени и позитивни практики за соработка и постапување на Владата и Просветниот инспекторат по иницијативи кои се во нивна надлежност.