Антивладини протести во Лима. Полицијата употреби солзавец во обид да ги спречи демонстрантите насилно да стигнат до парадата за Денот на независноста предводена претседателка Дина Болуарте.
Група луѓе, облечени во црно, носеа фотографии од жртвите-убиени за време на антивладините судири кон крајот на минатата година. Тогаш протестите почнаа откако претседателот Педро Кастиљо беше отповикан, а подоцна и уапсен. Болуарте, која беше потпретседател, ја презеде функцијата шеф на државата.