11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Ансу Фати има 16 години и игра за Барселона

Најчитани вести

Тинејџерот од Гвинеја Бусау Ансу Фати одигра нешто повеќе од десет минути на натпреварот помеѓу Барселона и Бетис (5-2). Тој е вториот најмлад фудбалер што настапил во Ла Лига за Барселона, а со она што го покажал ги изненадил сите во клубот.

Ансу Фати на 30 октомври ќе наполни 17 години, тој е најмладиот играч уште од 1940 година што настапил на официјален меч за Барселона. Тинејџерот ги искористи своите минути, а имаше шанса, која самиот си ја креираше, да постигне гол.

„Има многу самодоверба. Играше добро и очекував дека ќе придонесе, поради тоа и го ставив во игра. Меѓутоа неговиот екстра квалитет не изненади на овој натпревар. Млад е мислам дека може да ни помогне оваа сезона“, рекол тренерот на Барселона, Ернесто Валверде./topsport.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com