7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Анри со предупредување: ПСЖ не може да напредува без најважниот елемент

Најчитани вести

ПСЖ формираше уште поквалитетен тим за новата сезона и во истата ќе биде предводен од Лионел Меси, но неговиот поранешен соиграч Тјери Анри испрати предупредување до францускиот клуб и неговиот тренер Маурисио Покетино.

Анри како стручен коментатор за „Амазон“ истакнал дека балансот е најважна работа за една фудбалска екипа, а засега не е сигурен како ќе стои ПСЖ од овој аспект.

– Балансот е најважна работа. Од една страна точно е дека тие во тимот имаат супер фудбалери во офанзивниот дел, но тоа нема да биде доволно.

– Во Барселона играв заедно со Меси и Ето, но најважно е што не примавме многу голови. Тимовите кои не примаат многу голови, секогаш се поблиску до трофеите.

– Фактот што имаш супер фудбалери ја олеснува работата, но според мене ПСЖ прима премногу голови за да отиде чекор подалеку со резултатите, – изјавил Анри.

Во последното коло, ПСЖ го победи Стразбур со 4:2, а во првата рунда мораше да прави пресврт против Троја.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com