13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Анкета: 80 проценти од Јапонците се против одржување на Олимписките игри ова лето

Најчитани вести

Околу 80 проценти од Јапонците во анкетата спроведена од националната новинска агенција Кјодо изјавија дека Олимписките игри во Токио треба да бидат откажани или одложени.

Анкетирани се 715 домаќинства со право на глас со употреба на метод на случајно земање примероци. Нешто повеќе од една третина (35,3 %) рекле дека Олимписките игри треба да бидат целосно откажани, додека 44,8 проценти изјавиле дека игрите треба да се одложат уште еднаш.

И покрај фактот дека е воведена вонредна ситуација во пошироката област на Токио,  премиерот Јошихиде Суга е на удар бидејќи повеќето Јапонци сметаат дека мерките биле задоцнети и дека морале да реагираат многу порано, наведува „Ројтерс“.

Слична анкета беше спроведена и во декември, кога околу 63 проценти од луѓето изјавија дека не сакаат Олимписките игри да се одржат во Токио ова лето. Може да се каже дека главниот виновник за понатамошниот раст е зголемениот процент на заразени во Јапонија. Земјата досега има регистрирано вкупно 280.775 случаи, а околу 3.996 лица починале како резултат на инфекцијата.

Олимписките игри во Токио се закажани за периодот од 23 јули до 8 август, а Меѓународниот олимписки комитет веќе неколку пати посочи дека тие ќе се одржат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести