10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Анкета: Французите најмногу стравуваат од тероризмот, а потоа од сиромаштијата

Најчитани вести

Тероризмот останува главната грижа на Французите, но со драстично намалување во споредба со минатата година. Веднаш потоа следи грижата за сиромаштија, покажува истражувањето спроведено од Националната опсерваторија за криминал и кривични одговори (ОНДРП) и ИНСЕЕ (Националниот институт за статистички и економски студии) , јави дописникот на МИА.

Според резултатите од истражувањето, 20 отсто од Французите сметаат дека тероризмот е најзагрижувачкиот проблем во 2019 година, што претставува значително намалување, за цели 10 процентни поени во однос на 2018 година.

На втората позиција, зад тероризмот и терористичките напади, доаѓа сиромаштија со 19 отсто од гласовите на Французите, кои исто така ја споменуваат невработеноста (16 проценти) и животната средина (14 отсто). Загриженоста од тероризмот, од што стравуваа од три до пет отсто од населението меѓу 2007 и 2014 година, тана најголемиот проблем на Французите од 2015 година, кога се случи првиот бран на смртоносни напади кои ја зафатија земјата. Меѓу 2016 и 2018 година овој процент кај Французите изнесуваше меѓу 30 и 32 отсто.

Според деталите за различните возрасни групи, тероризмот се смета за најважен проблем за Французите на возраст меѓу 14 и 49 години. Кај младите на возраст од 14 до 17 години оваа загриженост е најгоема, бидејќи 26 проценти од нив го идентификуваат тероризмот како главен проблем. Од 50 до 77 години, проблемот што се смета за најзагрижувачки е сиромаштијата. Кај луѓето над 77 години, главната грижа е здравјето.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com