13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Анкета на ИПИС : ВМРО-ДПМНЕ ќе победи ако идната недела има избори

Најчитани вести

ВМРО ДПМНЕ е во благо водство пред СДСМ, покажува анкетата на ИПИС. На прашањето за која партија би гласеле доколу наредната недела се одржат Парламентарни избори, 23% од испитаниците одговориле дека поддршката би ја дале за ВМРО ДПМНЕ, додека за СДСМ 21 отсто. Власта, според анализите на институтот ја губи довербата од граѓаните затоа што не успеала да го исполни главното предизборни ветување – старт на  преговорите за членство во Унијата и покрај промената на уставното име, но и лошите извештаи од меѓународните институции.

-Тоа се Транспаренси Економист, каде се наведува дека сме корумпирана држава со хибриден режим, секако тука се лошите бројки во економијата, како и лошото справување со корона кризата. Ние сме единствената држава која се уште нема вакцини, освен подарокот од Србија, изјави Владимир Божиновски од ИПИС.

Промените на политичката сцена ќе зависат од понудата на опозицијата, но и од исходот на локалните избори. Божиновски не ја исклучува можноста заедно со локалните да има и предвремени парламентарни избори во октомври.

-Се уште разликата е мала. Доколку ВМРО ДПМНЕ успеее да се наметне како здрава алтернатива, тогаш поддршката ќе се зголемува. Доколку не успее, претпоставувам дека ќе биде нешто слично на ова. Се разбира, има уште еден хендикеп за власта, а тоа се локалните избори. Во најголем дел од општините граѓаните не се задоволни од работата на актуелните градоначалници, така да, тоа може дополнително да влијае врз резултатите на партиите, додава Божиновски.

Анкетата била спроведена телефонски во периодот од 1 до 4 март,  а опфатени биле 1.109 испитаници на ниво на целата држава. 

ОД СДСМ во реакција до медиумите изразуваат сомнеж во веродостојноста на истражувањето.

– Очигледно после сите порази, на Мицкоски му требаат лажни анкети за внатрепартиска употреба, за да си ја зачува својата фотеља во Белиот дворец,

Колку е релевантна последната анкета говорат податоците што истиот институт прогнозираше победа на Мицкоски и на локалните и на парламентарните избори.

Мицкоски може да си нарачува и да пласира лажни анкети за сопствени потреби колку сака, реалноста говори дека тој со ваквото однесување уште долго останува во опозиција, пишуваат од СДСМ.  

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести