Home » Анкета на ИПИС/ ВМРО-ДПМНЕ со поголема доверба кај граѓаните од СДСМ

Анкета на ИПИС/ ВМРО-ДПМНЕ со поголема доверба кај граѓаните од СДСМ

by Журнал.мк

Според анкетата на ИПИС Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат убедлива предност пред СДСМ и Ковачевски. Како што покажуваат резултатите од истражувањето речиси двојно повеќе луѓе би гласале на следните избори за ВМРО-ДПМНЕ отколку за владејачката СДСМ.

Ваквиот резултат е одраз на многуте последователни скандали кои ги има оваа влада, како и опозициското расположение кое е се повеќе присутно по низата криминали кои ги обедини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Токму затоа се должи и бројката од 20 отсто кои на следните избори би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 12,9 отсто кои би гласале за СДСМ.

И другите помали политички партии како Левица го губат приматот на „брзорастечки“ партии и не само што стагнира нивниот процент, туку и полека почнува да опаѓа.

Во албанскиот политички блок партија која ужива најголема доверба се уште е ДУИ, а зад неа со сличен рејтинг следат Алијанса за Албанците и БЕСА.

Што се однесува пак во однос на договорот за коридорите за Бехтел и Енка дури 45 отсто од граѓаните се против, а 53 отсто од Македонците не го поддржуваат во сегашната форма како што е потпишан од Владата.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk