16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Анета Пешева: ИТ индустријата оствари милијарда евра приход, имаме 400 нови компании во пандемијата

Најчитани вести

ИТ индусријата има раст, иднината е во дигитализацијата, нашата индустрија треба да оди напред и да се има голем обзир на барањата на младите ит инженери, изјави Анета Пешева, претседателката на МАСИТ, Стопанската комора за информатички технологии по средбата со Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Нашата индустрија има еден континиуитет, немаше големи проблеми, во време на пандемијата работата од дома, за која инсисираме и понатаму да се применува не придонесе за пад. Имаме 400 нови компании, 1.200 нововработени, а остварен е приход од една милијарда евра, тоа е раст за 12 отсто за една година – изјави Пешева.

Мицкоски, рече, на средбата која била, успешна и плодна, слушнал импресивни бројки за ИТ индустријата во која има 16.000 вработени и која плаќа данок во вредност од 12, 5 милиони евра.

– Обратот на компаниите е околу една милијарда евра, бројот на вработени е повеќе од 16 илјади. Сите овие бројки, споредено со минатата 2019 година се во раст, би рекол двоцифрен, десет и повеќе проценти. Она што исто така е импозантно и треба да се спомене е дека извозот практично од ИКТ индустријата на годишно ниво во 2020 година е повеќе од 230 милиони евра. Данокот што го платиле овие компании, а кој што е резултат на профитот кои што го оствариле некаде околу 12 и пол милиони евра, значи сериозна бројка која што влегува во буџетот – рече Мицкоски.

Но, она што недостасува, додаде Мицкоски, е соодветната клима и поддршката од страна на владата и исполнување на ветувањата, кои што биле дадени за време на предвремените парламентарни избори, во делот на даночната политика, на работните односи итн.

– Потребно е да се стимулираат овие компании, а ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме сериозна програма во делот на дигитализацијата која што практично беше и составен дел од нашата предизборна кампања. Она кое што го гледаме денеска од владата е се само не дигитализација, бидејќи често пати од нивна страна беше најавувано, ниту пак има некаков почеток по тоа прашање. Но, како ВМРО-ДПМНЕ во иднина сериозно ќе работиме, затоа што сум длабоко убеден и како инженер и еве би рекол како универзитетски професор, дека општество кое што нема да биде дигитализирано се доведува под знак прашалник и неговото постоење како такво општество – додаде Мицкоски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести