Home » Анета Наковска: И подготвувам нешто невидено на Македонија!

Анета Наковска: И подготвувам нешто невидено на Македонија!

by Журнал.мк

Фолк пејачката Анета Наковска, која е активна на сцената речиси две децении, летово го минува во Македонија дружејќи се со најблиските, но како што открива за „Фокус” истовремено подготвува нешто невидено досега во земјава.

Станувало збор за музички проект, снимање на неколку песни и спотови, кои ќе биле врвно изработени, во стилот на светските музички ѕвезди, и кои никого немало да остават рамнодушен.

-Сакам летото да го минувам во Македонија, со моето семејство, тука ќе останам до септември, кога се враќам во Америка. Додека уживам во дружбата со моите родители и блиски луѓе, истовремено започнав со нов проект, комбинирам одмор и работа, а материјалите кои ќе ги снимам ќе бидат нешто досега невидено во Македонија – вели Наковска.

Појаснува дека нејзиниот сопруг Спиро Крлевски, бизнисмен кој долги години живее и работи во Америка, останал таму, бидејќи за разлика од неа не го сакал многу топлото време, а за гласините дека овде е без него, бидејќи се разведиле, вели дека воопшто не ја погодуваат, затоа што не било првпат да се плетат невистинити приказни за неа.

-И пред две години ме разведуваа, ми се јавија новинари да прашаат дали е вистина, и искрено, не се изненадив, не е првпат да слушам измислици за мене. Кој што сака нека си зборува, најважно е што со нас е се во ред, што имаме исполнет живот и нашата љубов трае веќе осум години. Драго ми е што истовремено сум посветена и на кариерата, а новите материјали кои ги подготвувам треба да бидат во фокусот на јавноста, бидејќи се работи за вистинско освежување на нашата сцена – порача Наковска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More