27.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Анемија, крвен притисок, депресија… 5 причини поради кои треба да го јадете ова тропско овошје

Најчитани вести

Бананите содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза кои во комбинација со растителните влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата.

5 причини поради кои треба да консумирате банани: 1. Ги ублажуваат симптомите на депресија Истражување покажало дека луѓето кои патат од депресија подобро се чувствуваат откако ќе изедат една банана. Тоа е така поради тоа што бананата содржи триптофан, вид белковина која во телото произведува серотонин, а токму тој помага да се опуштите, да бидете подобро расположени и да се чувствувате среќни. 2. Ја намалува анемијата Бананата е богата со железо, а може да го стимулира и произведувањето на хемоглобинот во крвта, така што помага во случаите на анемија. 3. Го намалува крвниот притисок Ова единствено тропско овошје е богато со калиум, а содржи и малку сол што го прави совршен за регулирање на крвниот притисок. Покрај тоа, калиумот помага и во подобрувањето на концентрацијата. 4. Ги неутрализираат киселините Бананата ги неутрализира киселините во нашето тело, па доколку имате проблем со тоа изедете една банана, па симптомите ќе бидат многу помали. 5. Смирува Бананата содржи голема количина на витамин Б кој помага во смирување на нервниот систем. Токму поради тоа бананите се идеална состојка за меѓуоброк на работа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести