Македонската пејачка Андријана Јаневска го освои првото место на натпревар за најдобар пејач/пејачка во САД, соопшти таа на нејзиниот профил на Фејсбук.
-Чест ми е да Ве известам дека го освоив првото место на натпреварот организиран од ЗАДА рекордс (САД), на кој се избираше најдобар пејач/пејачка од цел свет во минатите неколку месеци. Ви благодарам на сите кои ме поддржувате!