18 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Андреску ќе ја предизвика Серена во финалето на Ју-Ес опен

Најчитани вести

Бјанка Андреску од Канада и Серена Вилијамс од САД на 7 септември ќе играат во финалето на последниот тениски гренд-слем во сезоната, Ју-Ес опен.

Андреску на американската турнеја игра во извонредна форма, што покажува и нејзиниот пласман во финалето на турнирот во Њујорк. Претходно таа победи на Роџерс купот во Канада.

Канаѓанката, инаку 15 носителка на турнирот, во полу-финалето успеа да ја совлада Швајцарката Белинда Бенчиќ во два сета со 7/6, 7/5.

Противничка на Андреску во финалето ќе и биде освојувачката на 23 гренд-слем титули, Серена Вилијамс.

„Потполно луда работа е да се игра против Серена во финалето на ју-Ес опен. Не знам можеби сонувам“, рекла 19 годишната Андреску.

За разлика од Андреску, Серена немаше никакви проблеми во полу-финалениот меч против Елина Свитолина. Американката победи во два сета 6/3, 6/1.

Серена ја забележа својата 101 победа на Ју-Ес опен каде првата титула ја освоила пред 20 години. Според бројот на победи таа се израмни со легендарната Крис Еверт.

Во финалето против Андреску дупло повозрасната Серена ќе се обиде да ја освои 24 гренд слем титулата во кариерата. Инаку Серена нема гренд-слем трофеј уште од 2017 година кога победи во Австралија, додека последен пат во Њу Јорк победила во 2014 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести