-7.2 C
Skopje
Saturday, January 22, 2022

Ангел Кунчев: Сите учесници во Консултативниот совет се самоизолирани

Најчитани вести

Главниот државен здравствен инспектор на Бугарија Ангел Кунчев објави дека сите учесници во Консултативниот совет на претседателот Румен Радев вчера се воп самоизолација. Како што јави дописникот на МИА од Софија, во моментов се проверуваат нивните тестови и се очекува наредба од регионалните здравствени инспекторати за воведување карантин.

И вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев е во карантин и ќе работи од далечина. Негова главна задача ќе биде подготовката на буџетот за 2022 година.

Учесниците на Советодавниот совет за национална безбедност се во карантин откако претседателот на Народното собрание Никола Минчев е позитивен на Ковид-19. Според прописите, карантините во Бугарија мора да бидат во изолација 10 дена и здравствените власти да им се јавуваат секој ден и да проверуваат дали се на адресата што ја дале. За последните 24 часа во Бугарија од Ковид-19 починале 116 лица, а според официјалните податоци 6761 се новозаразени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com