20.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Ангеловски: Ќе се бориме за бодови, но ќе размислуваме и за плејофот со Косово

Најчитани вести

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски вели дека и покрај тоа што се загубени шансите за пласман на ЕП преку квалификациите, Македонија ќе се бори да освои што е можно повеќе бодови против Австрија и Израел.

Пред македонската фудбалска репрезентација се последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2020, на 16ти гостуваме кај Австрија, а три дена подоцна го пречекуваме Израел.

Македонија ги загуби шансите за пласман на ЕП преку квалификациите, за историско учество на континенталниот собир можеме да одиме и преку Лигата на Нации каде што играме полуфинале со Косово.

„Не е сеедно како ќе заврши секој натпревар, а не па цели квалификации. Сакав до крај да бидеме во игра за пласман на ЕП, но не сме. Теоретски имаме шанси, сепак на Австрија им треба само еден бод од дуелите со Македонија и Летонија“, вели Ангеловски.

„На овие два меча ќе се бориме за бодови, но мора да размислуваме и за плејофот со Косово бидејќи немаме пријтелски дуели по овие два натпревари. На овие мечеви ќе треба тактички да се довоиграме, иако мислам дека сме доволно воиграни. Задоволен сум од досегашниот настап во квалификациите, имаме 11 бода. Се надевам дека пласманот на крај ќе биде и слика за тоа како одигравме во квалификациите“.

„Против Австрија во Скопје одигравме под нашето ниво, тие заслужено нè победија. Сега имаме шанса да го докажеме спротивното, да одиграме најдобро што можеме и да покажеме дека во Скопје имавме лош ден“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com