30.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Ангеловски: Не се жалам поради повредите, одиме на победа против Словенија со тие кои ги имаме на располагање

Најчитани вести

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека целта е да се победи Словенија во Скопје, без разлика што нема да може да смета на Барди и Бејтулаи за овој натпревар.

Македонската фудбалска репрезентација се собра пред престојните квалификациски натпревари против Словенија и Полска.

Селекторот Ангеловски нема да може да смета на Барди и за двата меча поради повреда, а Бејтулаи е суспендиран и нема да го игра само мечот против Словенија.

„Со неиграњето на Барди загубивме важен член на тимот, а не можеме ниту да сметаме на Бејтулаи за натпреварот со Словенија, поради тоа на нивно место ги викнав Стоилов и Младеновски. Но никогаш не се жалам за составот со кој располагам, ќе дадеме се од себе со играчите кои ги имаме за да дојдеме до целта, а тоа е победа над Словенија. Задоволен сум од играчите кои ги имам бидејќи тие не донесоа до ситуација да се бориме за пласман на ЕП“, вели селекторот Ангеловски.

Во составот се враќа Стефан Ристовски кој беше во аут поради повреда, бекот се уште нема натпревар за Спортинг Лисабон оваа сезона и не знае колку ќе може да помогне на престојните дуели.

„Пред нас се два клучни натпревари, позитивно е што се уште сме во игра за второто место, но треба да одиме по ред, прво да се фокусираме на натпреварот со Словенија. Не знам колку сум подготвен, помина доста време откако играв против Австрија, имав само една недела тренинг“, вели Стефан Ристовски.

Македонија во четврток ја пречекува Словенија со почеток од 20:45 часот, а три дена подоцна гостуваме кај Полска.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести