13 C
Skopje
Friday, April 16, 2021

Ангеловски жали што некои играчи не играат во своите клубови

Најчитани вести

Македонската фудбалска репрезентација од денеска почна да се екипира за септемврискиот (5 и 9) квалифиакцискои довомеч за ЕП-2020 на гостински терен со Израел, а потоа и Летонија. Експедицијата ќе се комплетира утре во Израел каде треба дирекно да пристигнат петмина репрезентативци.

По прозовката направена во Скопје, македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме верува дека неговите избраници ќе бидат на висина на задачата и ќе одиграат уште два добри натпревари.

-Му се посветуваме на Израел. Имаме време да го анализираме. Имат проблеми. Им се повреди стоперот Битон. До натпреаврот ќе имаме доволни информации, но очекувам нашите репрезентативци да одиграта во препознатливиот стил како на досегашните квалифиакциски натпревари, со исклучок на дуелот со Австија. Не одстапуваме од нашата игра. Жалам што неколку играчи не се стандардни во своите тимови. Велковски не игра, Муслиу паузираше по преселбата во Унгарија, па сега заигра. Стефан Ристовски не е со нас поради повреда – вели Ангеловски.

Македонија попладнево ќе го одработи единствениот тренинг, по што утре ќе тргне во квалифиакциската мисија, иако шансите да стигне до второто место во групата Г значително си ги намали со поразите на домашен терен од Полска и Австрија.

-Додека има теорија за второто место ќе се бориме. Нема откажување . Нема да ни биде сеедно на кое место ќе завршиме на крајот во групата. На секој натпревар ќе влегуваме со желба за победа. Покажавме дека не признаваме фаворити и така сакам да завршиме – додава селекторот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести