15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Ангеловски го објави списокот за почетокот на мундијалските квалификации

Најчитани вести

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, го објави списокот на фудбалери за претстојните три натпревари со кои Македонија ќе ги почне квалификациите за пласман на Светското првенство 2022.

На списокот на селекторот Игор Ангеловски се наоѓаат 26 фудбалери.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Мартин Богатинов (Етникос Ахна, Кипар), Ристе Јанков (Работнички);

Оодбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Висар Муслиу (Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Езѓан Алиоски (Лидс Јунајтед, Англија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија);

Среден ред: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (Лече, Италија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Тихомир Костадинов (Ружомберок, Словачка), Даниел Аврамовски (Кајзериспор, Турција), Марјан Радески (Академија Пандев), Ферхан Хасани (Партизани, Албанија);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сараево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција);
Подготовките за почетокот на квалификациите за Светското првенство нашата репрезентација ги почнува на 22 март во Скопје.

Во овој циклус Македонија ќе игра против Романија (25 март, Букурешт), Лихтенштајн (28 март, Скопје) и Германија (31 март, Дуизбург).

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести