Пејачката Ана Николиќ со години важеше за една од најубавите дами на српската естрада, а за време на бременоста се здебели и долго се носеше со вишок килограми, а потоа направи операција и се преполови.
Имено, Ана Николиќ еднаш откри дека нејзината мајка Миљана нема такви проблеми и дека изгледа совршено и во седмата деценија од животот.
На социјалните мрежи можете да најдете слики на кои мајката на Ана позира во бикини на плажа во провокативна поза.
Нејзиното затегнато тело и облини оставија без зборови многумина, а сега стана јасно и на кого некогаш беше толку “жешка“ пејачката.
Да потсетиме, неодамна на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаат “кратери“ на лицето на Ана, кое шокираше многумина. Тогаш пејачката стана мета на жестоки критики и лоши коментари.