20.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Ана Витанова-Рингачева и Стефан Марковски добитници на наградата „Горан Бујиќ“ на Хрватското книжевно друштво

Најчитани вести

Книжевната критичарка, есеистка и професорка на УГД Ана Витанова-Рингачева и писателот, поет, сценарист Стефан Марковски се овогодишните добитници на Интернационалната награда за новинари книжевници „Горан Бујиќ“ на Хрватското книжевно друштво.

Витанова-ингачева е добитник на наградата „Горан Бујиќ“ за новинари книжевници надвор од Хрватска, додека Стефан Марковски е добитник на наградата во категоријата млади новинари книжевници. Витанова-Рингачева и Марковски ги уредуваат списанијата за литература „Зенит“ и „Современост“.

Наградата на животно дело ја доби Неделко Јусуп, новинар, публицист, предавач и уредник, основач и долгогодишен главен и одговорен уредник на неделникот и дневниот весник „Задарски лист“.Наградата Донат за придонес во културата годинава ја доби весникот „Задарски лист“, кој одбележува 25 години постоење. Книжевната награда Донат ја добија поетот, професор, музичар и афористичар Данко Ившиновиќ и Пејо Симиќ, книжевник.

Годинава за наградите одлучуваше 12-члено меѓународно жири, а наградите ќе се доделат на свеченоста која секоја година се одржува на 28 ноември, роденденот на Горан Бујиќ.
Горан Бујиќ беше хрватски поет, критичар, есеист и новинар.

Дипломирал компаративна книжевност и филозофија на Филозофскиот факултет во Загреб, каде подоцна и магистрирал. Бил уредник на весникот „Задарски лист“, а неговите критики се објавувани во сите значајни хрватски списанија и весници. Починал во 2011 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com