3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина

Најчитани вести

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, која денеска ја прими третата доза од вакцината против коронавирус, изјави дека во моментов се бараат модалитети за воведување на ковид пропусници, на начин што нема да биде можно злоупотреба и фалсификување, и додаде дека размислува за владина одлука која тоа би го овозможила, јави дописникот на МИА од Белград.

-Денес ќе имам консултации со медицинскиот дел од Кризниот штаб, за да видиме дали треба да направиме нешто дополнително, изјави Брнабиќ.

Таа оцени дека „не е загрижена за бројот на луѓе во болниците“, бидејќи тој се „држи до, или под 6.500“ луѓе.

-Вчера имавме само 77 ново хоспитализирани, значи плус, во однос на отпуштените и оние кои беа хоспитализирани. Така да вакцинацијата, дури и овие 54 отсто од вакцинираните, не држи под контрола, кажа Брнабиќ.

Таа посочи дека „умираат невакцинираните луѓе“ и дека вакцинацијата „едноставно ги спасува тие животи“.

-Вакцинацијата е единствениот излез од оваа пандемија. Пандемијата ќе заврши кога ќе постигнеме колективен имунитет. Можеме да го постигнеме тоа на два начина – или сите да се заразиме, или сите да се вакцинираме. Кога велам сите, мислам на 80 отсто постари од 12 години, кажа Брнабиќ, која додаде дека за неа е „неразбирливо“ некои лекари да не препорачуваат вакцини и оцени дека тие „директно ги загрозуваат животите на луѓето“.

-Ќе го повторам она што го кажа еден лекар, затоа што никогаш не сум слушнала толку добра паралела, а тоа е дека доктор кој не препорачува вакцини е како свештеник кој не верува во Бог. Тоа е најјасната паралела за мене и тоа е така, изјави Брнабиќ.

Српската премиерка додаде дека повеќе од 54 отсто од возрасната популација е вакцинирани со првата доза, додека третата доза ја примиле малку повеќе од 14 отсто од граѓаните.

Кога станува збор за вакцинација на млади луѓе, Брнабиќ кажа дека во Србија се вакцинирани 23,51 отсто од младите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com