9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Ана Бекута синот Игор го даде во дом за сирачиња

Најчитани вести

Хит-пејачката Ана Бекута или Нада Полиќ, како што и е вистинското име, многу рано станала мајка. Таа својот син Игор Полиќ го родила како гимназијалка на 17 години во вонбрачна заедница. Во тоа време тоа било голем срам! Затоа била приморана детето да го остави во дом за сирачиња. Но по толку години Игор ја разбра нејзината одлука. Одлучи да проговори за својата болка, својата мајка Ана.                                             

– Таа била принудена еден дел од животот да биде без мене. Таман работа на мајка ми да ѝ замерувам што морала да ме даде во дом, никогаш за тоа не ѝ префрлив. Мојата мајка морала да го направи тоа, беше отфрлена од своите, објаснува Игор.
Самата пејачка открива дека сакала да го роди Игор, но немала можности да го одгледува.
– Сакав да родам дете, но на моите родители им нанесов болка. На седумнаесет години имав зрела одлука да родам дете, што и да се случи на овој свет. Бев малолетна, односите во семејството ни беа катастрофални. Го дадов Игор во дом. Родителите престанаа да зборуваат со мене. Синот Игор беше плод на една врска во која и двајцата бевме крајно незрели за брак, се присети популарната Бекута на тие денови, велејќи дека дури сега на свои 62 години го живее вистинскиот живот, конечно без проблеми, вљубена во Милутин Мркоњиќ, некогашниот српски министер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com