13 C
Skopje
Saturday, May 8, 2021

Аналните брисеви за дијагноза на ковид-19 ќе се воведат и во Европа

Најчитани вести

Веста дека Кина започнала со анални брисеви како дел од тестирањето на коронавирус, одекна во Европската Унија, па затоа портпаролот на Европската комисија денеска одговори дали наскоро ќе се применуваат вакви методи во Европа.

– Мислам дека сите сме заинтересирани лично за ова прашање – истакна портпаролот Ерик Мамер.

Неговиот колега Стефан де Кирмакер, пак, рече дека како и досега, ќе се следат препораките на професијата, а ако нè однесе до задникот, додаде тој, тогаш и таа опција ќе биде разгледана. Можеби ќе ве интересира

– Не мислам дека очекувате да навлезам во технички детали за тоа – додаде тој, предизвикувајќи уште еден излив на смеа во салата за брифинзи.

Тој објасни дека тестирањето е прашање на земјите-членки и дека Комисијата издава само препораки.

– Ние зависиме од стручните совети, па затоа мислам дека е најдобро да им го препуштиме прашањето на нив и да им дозволиме да видат кои се најдобрите пристапи – заклучил Де Кирсмакер.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести