14.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Аналитичари едногласни, во април ќе се гласа по постоечкиот изборен модел

Најчитани вести

Априлските избори ќе се спроведат според постоечкиот изборен модул бидејќи нема доволно време да се воведе една изборна единица а најавите за нејзинот воведување повеќе се политички маркетинг и маневар отколку обид да се мотивараат неопределните гласачи и да се зголеми излезноста, сметаат аналитичарите.

За аналитичарот Владимир Божиновски, периодот од четири месеци е премногу краток за да се смени модулот на гласање и тоа дополнително може да го искомплицира процесот.

Љупчо Петковски од Евротинк, смета дека на априлските избори ќе се оди со постоечкиот изборен модул, пред се поради фактот што неговата промена нема да им одговара на големите партии од македонскиот и албанскиот блок.

Според Божиновски, воведувањето на една изборна единица нема да влијае многу врз бројката на гласачите и смета дека на претстојните избори изленоста ќе биде над 60 отсто.

Петковски пак смета дека на претсотјните избори ќе има помал одзив од минатите избори, но воведување на една изборна единица ќе влијае врз гласачите и ќе ги мотивира неопределните.

Петковски и Божиновски се согласни дека со евентуалното воведување на една изборна единица мора да се постави и зборен праг кој би се движел меѓу 2 и 3 отсто.

Премиерот Заев, завчера од собраниската говорница, повторно кажа дека една избора единица е идеја со која со согласува и дека има доволно време до април за да се спроведе.

Божиновски смета дека со воведувањето на една изборна единица најмногу ќе профитира партијата кој ќе победи на избори а не како што тврди премиерот дека најмногу ќе загуби бидејќи сите гласови од партиите кои нема да го постигнат изборниот праг одат на контото на победничката партија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com