11.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Аналитичари: Дали влезот на Косово во НАТО би спречил евентуална идна војна на Балканот?

Најчитани вести

Неиспровоцираната инвазија на Украина го промени светот за неколку дена. Повторно ја одвои Русија од Западот, а темелите на мирот се разнишани. Во Косово се погласни се повиците за членство во НАТО. Според аналитичарите со кои разговараше „Локално“, самиот факт дека во соседство е Србија како „продолжена рака“ на Русија на Владимир Путин, заканата за конфликт во Западен Балкан е непредвидлива.

-Пет земји членки кои се во НАТО и ЕУ се уште го немаат признаено Косово како независна држава. Знаеме дека процесот за интеграција во Алијансата треба да е консензуланост од сите држави членки и секоја држава во оваа ситуација има можност за вето. Сметам дека без решвање на финалниот статус на Косово нема да биде лесно и задоволително, вели политичкиот аналитичар Сефер Селими.

Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен претседател на невладината организација „Евро-Атлантски Совет“ смета дека со руската агресијата во Украина темелите на светот се разнишани, но во исто време се разбудени „и совеста и свеста во демократските прогресивни општества“.

-Најтревожени се земјите во соседство со Русија и земјите од Западен Балкан. Самиот факт дека во соседство е Србија како продолжена рака на Путиновата Русија, заканата за конфликт во Зaпаден Балкан е (не)предвидлива. Во ваква ситуација нормално е Косово да бара вонредна процедура за членство во НАТО. По моја анализа, поаѓајќи од фактот дека НАТО е внатре во Косово, ние и Црна Гора со Албанија сме во НАТО, тогаш треба дополнително да се внимава за БиХ. Таму веќе се превземаат дополнителни мерки од ЕУ и НАТО. На крајот се зависи како ќе помине Путиновата Русија во Украина, a по се изгледа нема да помине добро, смета Рамадани.

Според Селими позиционираните сили на КФОР кои се дел од НАТО и претежно доминирани од САД и другите земји на НАТО мисијата, мали се шансите за да имаме некакви проблеми во поглед на безбедноста.

-Нерешениот статус на Косово останува да предизвикува безбедносни проблеми според тоа што дава нејаснотија каде се движат работите на Балканот и затоа е потребно еднаш засекогаш земјите членки на НАТО кои го немаат признаено стаусот на Косово тоа да го сторат и со тоа ќе решат еден од безбедносните проблеми на Балканот. Познато ни е дека во моментов на Косово оперираат паралелни структури во северниот дел и се вистински предзвик и за безбедноста на целиот Балкан, смета Селими.

За тоа дали има српскиот претседател Александар Вучиќ сега има повеќе простор за маневар на Косово или рацете му се врзани во контекст на случувањата во Украина и инвазијата на Путин, Рамадани смета дека не е случајно што нашиот северен сосед гласаше за Резолуцијата против агресијата на Русија во Украина.

-Вучиќ и сега е во незавидна ситуација, впрочем тој и го признава тоа.Тој, можеби ќе биде толериран до изборот за нов мандат како претседател на Србија, но после тоа ќе биде жртва на поразениот негов тутор Путин. Тие кои се борат за слобода скоро секогаш победуваат, објаснува тој.

Аналитичарот Селими смета дека на лидерите во ЕУ кои имаа по авторативни претензии во оваа криза немаат простор за да маневрирваат.

-Кризата во Укарина е сериозна криза, сериозен предизвик за мирот во целиот свет и затоа мислам дека не е само за Вучиќ туку и за другите лидери и во ЕУ, како што е Орбан, кои имаат по авторативни претензии не им се дава простор да маневрирваат во оваа ситуација не само во однос за опстојувањето на Украина туку и за мирот во глобален контекст. Сметам дека и посериозните партенри во НАТО нема да дозволат да има поместување или егзибиции од страна на авторитавните лидери кои последните години вибрираат со Путин и Русија, подвлекува тој.

Западниот Балкан има три точки кои имаат потенцијал за конфликт

Мора да се разбере, продолжува Рамадани, дека за Путин не е закана НАТО како воена организација,туку либералната демократија од САД и Еу.

-Ако ја исклучиме нуклеарната војна, Русија односно Путин нема шанси да излезе победник од оваа војна. Светот е дигнат на нозе, дури и внатре во Русија, против оваа апсурдна неиспровоцирана војна агресија над Украина. Со оваа агресија над Украина, Путин ги губи и неговите „пипци“, преправени автократи, а доаѓаат уште потешки времиња за екстремно левите и екстремно десните политичари во цела Европа. Мора да разбереме дека за Путин не е закана НАТО како воена организација, туку либералната демократија од САД и ЕУ. Путин и неговите „пипци“ треба да знаат дека НАТО е формирана да ги брани вредностите на либералната демократија. Затоа, секој обид на некоја соседна земја која тежнеела кон демократските западни вредности извршила инвазија. Да се потсетиме, инвазии после втора светска војна, во Полска, Унгарија, Чехословачка, Грузија и сега по втор пат во Украина (после Крим во 2014), објаснува поранешниот пратеник.

Според Селими, Западниот Балкан има три точки кои имаат потенцијал да предизвикаат конфликт, а најсериозната е во БиХ, каде што Додик ги има искажано јасно сепаратистичките ставови.

– Додик актвивно има работено во последните години за тоа да се оствари и вооружувањето на неговите сили и тоа со дирекна помош на Путин, неколку пати се има изјаснето дека планира да организира референдум за поделба од БиХ и така да има сериозен потенцијал да предизивика конфликт. Втора точка е Црна Гора каде што имаме еден концептуален не само партиски туку и концептуална борба меѓу српското малцинство и црногорското. Таму ќе треба да се избере за некој ден нова влада која е прозападно и проНАТО орентирана за разлика од предходната влада каде имавме елементи кои се сериозно загрижувачки за тоа каде треба да се движи Црна Гора иако таа е членка на НАТО и е со почнати преговите со ЕУ. И трета е Косово каде што имаме паралелни структури кои би можеле да предизвикаат конфликти и тоа може биде интерес на Русија која би ги загревала конфликтите во однос на дефокусирањето на западниот свет од кризата во Украина или денцентрализација на притсокот кој во овој момент е насочен кон Киев и Москава, објаснува тој.

Според Рамадани влијанието на Русија во Србија, Република Српска и Црна Гора е присутна толку колку што се подложни српските политичари кои црпат моќ од Путиновата авторитарност.

-Набргу ќе ја почувствуваат силата на САД, НАТО и ЕУ сите тие кои посегнуваат немилосрдно по човечки животи во име на нивните лудничави болни амбиции за владеење до смрт. Ние во Северна Македонија да ја продолжиме официјалната политика да ја наредиме со НАТО и ЕУ, која ни дава безбедна и просперитетна иднина. Се друго, што се обидуваат да ни протнат некои маргинални индивидуи и групации е лага и манипулација.Тие, за жал, не умеат да направат разлика меѓу рускиот демократски мирољубив народ и авторитарната агресивна власт на Владимир Путин. На власта во која и дипломатите се закануваат не и се пишува добро, вели тој.

За Селими подолгиот анганжам на ЕУ и НАТО за да го зачуваат мирот и стабилноста на Западен Балкан и отвориле можност на Русија да има поголемо влијание со својата дестабилизациска моќ, и употребата на различните елементи кои ги инсталира во општеството и влијае преку кампањите за дезинформации.

-Со самиот тој потег ќе влијае за да се забрза процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан и со самото тоа ќе се отстапи голем простор за Русија и другите авторитативни надворешни лоши малигни инфлуенци да можат овој процес да го злоупотребат за нивни цели. И во овој случај ЕУ треба дефинитивно да го забрза овој процес и да го заземе посериозно овој коридор, вели аналитичарот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com