16 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Анализите на МАНУ покажаа дека новиот вид на коронавирусот не е присутен кај нас

Најчитани вести

Нема мутација на коронавирусот во државава, покажале анализите во МАНУ лабораторијата. Здравстевните власти велат и покрај падот на бројкот на новозаразени нема да има олабавување на мерките.

Резултатите од анализите направени во лабораторијата на МАНУ покажаа дека кај нас нема мутација на коронавирус, слична на таа која се појави во Велика Британија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој истакна дека кај нас е присутен истиот вирус.

Иако е присутен истиот вирус, тоа не е сигнал да ги намалиме мерките. И покрај тоа што опаѓа бројот на новозаразени, се уште треба да бидеме внимателни, бидејќи сега училиштата почнаа повторно да функционираат. Сите мерките за заштита остануваат и натаму. Следната недела ќе ја анализираме состојбата и врз основа на тоа ќе носиме други мерки и препораки, рече Филипче

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести