Home » Анализата на „Фајненс тинк“ покажа дека системот не е во кондиција да издржи зголемување на пензиите

Анализата на „Фајненс тинк“ покажа дека системот не е во кондиција да издржи зголемување на пензиите

by Журнал.мк

Пензиите ниски, цените високи – највозрасните граѓани се жалат дека не можат да го протуркаат месецот. Барањата за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари и растот на минимална пензија и натаму во фокусот на протестите.

Од економскиот институт „Фајнанс тинк“ сметаат дека системот не е во кондиција да издржи зголемување на пензиите. Ја повикаа и Владата да најде начин платите на функционерите да ги врати во првобитна состојба.

„Моменталната состојба со пензиските финансии не дозволува зголемувања на пензиите надвор од предвиденото законско усогласување, кое е доволно за да го задржи животниот стандард на примателите во услови на растечки цениFinance think ја повикува Владата да изнајде итен и неодложен механизам за воспоставување на првобитната состојба и да отвори дијалог во рамки на кој ќе се дојде до прифатливо решение за разумен пораст на платите на функционерите“, пишува во анализата Институтот.

Премиерот Ковачевски објаснува дека пензијата е право од работен однос, па поради тоа – не може некој што 15 години плаќал стаж на минимални примања да се израмни со оној што придонесувал 30 години на многу поголем износ.

Ковачевски повтори дека Владата заедно со Сојузот на пензионерите ќе работи на изработка на Закон за минимална пензија кој нема да ја наруши стабилноста на Фондот, а ќе биде во корелација со Уставот и методологијата за пресметка на пензиите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More