11 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Амнести Интернешнл – Фејсбук и Гугл ги загрозуваат човековите права

Најчитани вести

Организацијата за човекови права Амнести Интернешнл соопшти дека Фејсбук и Гугл треба да го променат својот деловен модел, затоа што, како што велат, тој е предодреден за злоупотреба на човековите права.

Во извештајот на организацијата објавен денеска се наведува дека она што интернет гигантите (Фејсбук и Гугл) го нарекуваат „бизнис-надзор“, е некомпатибилно со правото на приватност. Во извештајот стои и дека тие загрозуваат и други човекови права, како слобода на изразување и мислење, слобода на мислата и право на еднаквост и недискриминација.

Амнести Интернешнл ги повика владите и законодавците да го гарантираат правото на луѓето да не бидат следени од огласувачи или од трети страни.

Амнети наведува дека бизнис моделот на компаниите ги принудува луѓето да направат „фаустовски договор“, односно да овозможат пристап до нивните лични податоци, за да може да имаа пристап до платформите.

Во извештајот се забележува дека повеќе од 90 отсто од сите пребарувања на Интернет се извршени преку платформите на Гугл. А Фејсбук има 2,45 милијарди активни корисници, што е околу 70 отсто од корисниците на социјалните медиуми.

Фејсбук реагира на извештајот на Амнести, велејќи дека нивните деловни практики не ги кршат принципите на човекови права. Од компанијата велат корисниците доброволно си се пријавуваат за услугата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести