7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Американски суд издаде налог за приведување на Ар Кели

Најчитани вести

Судот во Минесота издаде налог за приведување на пејачот Арт Кели заради тоа што не се појавил за распит, пренесе Асошиејтед Прес.

Заповедта е формалност што гарантира дека на следното сослушување, музичарот ќе биде спроведен во судница.

Ар Кели е во затвор во Чикаго, Илиноис, под обвинение за сексуална злоупотреба.
Обвинителството таму го извести обвинителството во Минесота дека тој нема да присуствува на рочиштето.

Кели е обвинет во Минесота дека понудил на 17-годишно девојче да се соблече и да танцува во 2001 година.

Во Илиноис, тој беше уапсен во јули за сексуално злоставување малолетни лица, ширење на детска порнографија, нарушување на правдата и други кривични дела.

Тој се изјаснува за невин по сите дела.

Ар Кели е одговорен за слични обвиненија и во државата Њујорк.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com