15.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

Американски научник: Ако постои живот на Марс, можеби луѓето се одговорни за неговото постоење

Најчитани вести

Со оглед на тоа што  неколку вселенски летала со човечко потекло во моментов „престојуваат“ на Марс, научниците, доколку најдат траги од живот, прво ќе треба да докажат дека се навистина од вонземско потекло.

Научниците кои ја истражуваат вселената се согласуваат за една работа – таму мора да има траги од живот. Колку време ќе им требаат да го пронајдат и во каква форма, тоа е друга работа.

Но, научник од универзитетот Корнел предупредува дека животот, ако и кога ќе го откриеме во вселената, всушност може да биде разочарувачки. Професорот Кристофер Мејсон од Универзитетот Корнел тврди дека постои можност животот што е пронајден, да го има својот извор на Земјата во лабораториите на NASA.

Во својата статија за BBC, Мејсон напиша дека и покрај строгите хигиенски услови што владеат во лабораториите на NASA, постои можност леталата како роверот „Perseverance“ да однесат микроби од Земјата во вселената и со тоа да ги „заразат“ другите планети со живот.

„Речиси е невозможно да се добие летало без никаква биомаса“, напиша Мејсон.

Микробите се присутни на Земјата со милијарди години и ги има насекаде. Во нас, врз нашите тела, но и насекаде околу нас. Некои можат да ползат во најчистата просторија.

Тој дури спроведе две студии во кои истакна дека некои организми што живеат на Земјата се толку еластични што можат да преживеат ригорозни процеси на чистење, но и патување до Марс. Тој исто така покажа колку брзо можат да растат микробите кога се во вселената.

Се чини дека чистите простории можат да послужат за еволутивен процес на селекција, кој ги одделува најотпорните микроби, кои тогаш имаат и најголеми шанси да го преживеат патувањето до Марс, напиша Мејсон.

Додаде дека доколку ваквите микроби се појават на Марс, тоа би било случај на присилно ширење на животот.

Предупреди дека микробите можат да направат голема штета ако влезат во нов екосистем, но и да бидат голема закана за здравјето на астронаутите.

Со оглед на тоа што неколку вселенски летала со човечко потекло во моментов „престојуваат“ на Марс, научниците прво ќе треба да докажат дека навистина се од вонземско потекло доколку најдат траги од живот.

„Луѓето, еден ден, ќе дојдат на Марс, носејќи со себе коктел од микроби што живее на нашите и во нашите тела. Овие микроби веројатно се прилагодуваат, мутираат и се менуваат. И ќе можеме да учиме од нив. Целиот овој процес може да го направи животот на Марс поподнослив за сите оние кои ќе патуваат таму, затоа што единствениот геном, кој е прилагоден на Марс, може да биде секвенциран и испратен назад на Земјата за понатамошно истражување. Имајќи ги предвид сите планирани мисии на Марс, ние сме на работ на нова ера на меѓупланетарна биологија, во која ќе научиме за адаптација на организмите на една планета и ќе го примениме она што сме го научиле на друга“, напиша Мејсон, додавајќи дека „со текот на времето, внимателното и одговорно ширење на живот може да стане единствениот начин да се зачува истиот, а тоа е чекор што мора да го направиме во следните 500 години“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести