23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Американски и европски медијатори во нова посредничка мисија во БиХ

Најчитани вести

Американските и европските посредници во преговорите за измените на Изборниот закон на Босна и Херцеговина ќе започнат нова рунда разговори со политичарите од земјата, со цел да се најде решение за новиот изборен модел и да се осигура дека ќе биде усвоен од парламентите за да може да се примени веќе на општите избори планирани за октомври.

Специјалниот претставник на САД, Метју Палмер и директорката на одделот за надворешни работи во ЕУ (EEAS), Анџелина Ајхорст, денеска ќе ја имаат својата прва средба со членовите на Претставничкиот дом и Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, кои исто така се лидери или високи функционери на трите владејачки национални партии.

На средбата ќе присуствуваат претседателите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) на Босна и Херцеговина и Партијата за демократска акција (СДА), Драган Човиќ и Бакир Изетбеговиќ, како и претставници на двата дома од Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Никола Шпириќ и Небојша Радмановиќ, како и Денис Звиздиќ, поранешен член на СДА, а сега потпретседател на Партијата на народот и правдата (НиП), која го предводи обединетиот опозициски блок во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина.
Локалните медиуми објавија дека Палмер и Ајхорст потоа планираат да ги соберат водачите на сите големи политички партии од Босна и Херцеговина зад затворени врати во Неум. За време на преговорите, кои би траеле до 30 јануари, треба да стане јасно дали е можно да се договори еден од изборните модели што треба да обезбеди спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Неизвесно е во каков формат ќе се водат овие преговори, бидејќи Социјалдемократската партија (СДП) на Босна и Херцеговина потврди дека нивните претставници нема да одат во Неум, додека Наша партија (НС) соопштија дека ќе учествуваат во преговорите само доколку нивни предлог е на дневен ред.

Крајот на јануари беше одреден како краен рок за постигнување политички договор, со проценка од најмалку три месеци за формално усвојување на амандманите на Уставот и на Изборниот закон во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина, како што тоа мора да се направи до почетокот на мај кога ЦИК на Босна и Херцеговина има обврска да распише избори.

Заедничката посета на Ајхорст и Палмер е дел од тековните напори на Европската Унија и на САД во Босна и Херцеговина, со фокус на уставните и изборните реформи потребни за да се направи одлучувачки чекор кон ЕУ, да се елиминира дискриминацијата и да се зајакнат демократските граѓански права

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com