10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Американски војник пукаше во цивили во Перл Харбор, има мртви и ранети

Најчитани вести

Двајца цивили се убиени откако вооружен американски морнар пукаше во Перл Харбор, поради што базата била блокирана некое време. Напаѓачот потоа се самоубил.

Во нападот биле застрелани тројца цивили на Министерството за одбрана на САД. Двајца биле убиени на самото место, а третото лице е во стабилна состојба.

Веднаш по пукањето во базата Перл Харбор пристигнале оклопни возила, со големо присуство на безбедносните сили.

„Во базата има напаѓач, ве молиме да одите на безбедно место додека не пристигнат нови информации“, пишувало во предупредувањето објавено на фејсбук-страницата на базата Перл Харбор-Хикам.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com