23.8 C
Skopje
Saturday, May 21, 2022

Американскиот течен гас со бродови ќе биде испорачан во Бугарија

Најчитани вести

Бугарскиот премиер Кирил Петков по враќањето од САД најави дека во јуни неговата земја ќе има два брода со течен природен гас од САД, чија цена ќе биде малку под онаа на „Газпром“.

Ваквиот договор беше постигнат на разговорите меѓу бугарскиот премиер и американската потпретседателка Камала Харис на последниот ден од неговата посета на Вашингтон.

Како што дописникот на МИА од Софија го пренесува Петков, почнати се преговорите за долгорочен договор, што ќе биде директно меѓу американската компанија и „Булгаргаз“, без посредници.

– Природниот гас ќе се испорачува со брод, најверојатно преку терминалите на Грција или Турција. Цената е договорена и е далеку под пазарната цена во моментов – рече Петков.

Според него, важно е Бугарија да има најниски цени, а бугарскиот бизнис да биде конкурентен, да има диверзификација и Бугарија да биде сигурна дека испораките нема еднострано да запрат.

– Договорено е количество, што е конкретно за Бугарија и ја покажува поддршката од партнерите во САД – изјави Петков.

Бугарија и натаму очекува количество гас од Азербејџан, се разговара одделно со други земји, никој да не мисли дека заменуваме еден снабдувач со друг, туку избираме најевтини цени од сите добавувачи, изјави бугарскиот премиер по враќањето од САД.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com