14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Американскиот Сенат го прогласи судењето против Трамп за уставно

Најчитани вести

Повеќето сенатори се изјаснија дека судењето за отповикување на поранешниот претседател Доналд Трамп е уставно, и покрај повиците на републиканците да се отфрли случајот, пренесува Си-ен-ен.За донесување на оваа одлука беше потребно просто мнозинство, така што судењето беше прогласено за уставно, бидејќи 56 сенатори гласаа „за“, а 44 „против“.

За уставноста на постапката гласаа и шест републикански сенатори – Бил Касиди, Сузан Колинс, Лиса Мурковски, Мит Ромни, Бен Сас и Пат Тумеј.

Во продолжение на постапката, раководителите на импичментот и на одбраната на Трамп имаат до 16 часа во следните два дена да ги презентираат своите случаи.

Прво, своите аргументи ги презентираат менаџерите за импичментот и познато е дека тие планираат да користат видеа од нападот врз Капитол за да го докажат случајот.

Постапката се очекува да продолжи утре напладне.

Според Си-ен-ен, Трамп не е задоволен од излагањето на неговиот адвокат Брус Кастор, бидејќи било потребно неговиот воведен збор да покаже дека не е уставно да му се суди на претседател што повеќе не е на таа позиција.

Бидејќи правниот тим на Трамп беше составен пред една недела, не е невообичаено што не успеаја за кратко време да формираат убедлива одбрана, рекле извори за Си-ен-ен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com