14.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Американскиот град случајно ја продаде својата кула за вода!

Најчитани вести

Еден американски град случајно ја продаде својата кула за вода во погрешна трансакција со недвижнини.

Во април минатата година, бизнисмен купи општинска зграда под водена кула во малиот град Бруксвил, Флорида, за 55.000 долари, со цел да ја претвори во теретана.

Меѓутоа, кога Боби Рид отишол кај повисок орган во окружната администрација за да ја пријави својата нова деловна локација, му било кажано дека ја купил целата парцела, која ја вклучува и кулата за вода, пишува „Тампа Беј Тајмс“.

За среќа на градот, Рид беше подготвен да ја врати градската водена кула.

Регистарот на окружната администрација покажува дека минатиот месец тој ја вратил водената кула во Бруксвил, мало гратче со 8.500 жители, 80 километри северно од Тампа.

„Не знам кој е виновен“, рече Блејк Бел, член на Градскиот совет. „Ние сме само членови на Советот и се потпираме на градскиот управител. Претпоставуваме дека тој ја прави вистинската работа“.

Менаџерот на градот Марк Катни изјави дека грешката при продажбата не е негова, туку дека тоа е последица на лошо направен правен дел од работата на договорот, па директорот на градската служба за развој поднесе оставка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести