11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Американскиот амбасадор во Србија секојдневно навредуван на Твитер

Најчитани вести

Американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот, изјави дека многумина во Србија веруваат дека омразата кон Америка е добра работа и дека таа секој ден е бомбардиран со најстрашни лаги за неговата земја, како и за другите западни земји и Европската унија.

На Дигиталниот самит во Белград, амбасадорот преку неколку примери на видео бим ги претстави навредите и пцовките што ги добивал преку Твитер во последните две години и разните „совети“ за тоа каде да ја продолжи кариера, што треба да работи или да јаде.

Откако објави фотографија на која се гледа како доброволно дарува крв, следеше нечија порака: „Јади г …а, земете му 20 литри крв“.

Скат кажа дека, меѓу другото, е навредувана неговата мајка, му порачувале да „оди дома и да умре“, на фотографија му доцртувале мустаќи….

-За ова време додека сум на Твитер, кожата ми стана поцврста од кожата на седло“, рече Скот, заблагодарувајќи им се на „мрзителите“ што го навредувале, повторувајќи дека неговата работа е да го слушне ставот за САД, но и да сфати дека во Србија сè уште се свежи спомените од 90-тите години.

-Многумина во Србија веруваат дека омразата кон Америка е добра работа. Секој ден, Србија се бомбардира со најопасни лаги за Америка, за западните земји и ЕУ. Тоа не и служи на интелигенцијата на српскиот народ, поради што се соочуваме со разни предизвици, за да ја пренесеме пораката , рече Скот.Тој потсети дека односите на САД и Србија не започнале во 90-тите, дека Србија не била основана во времето на Слободан Милошевиќ и дека треба да ги потсети Србите дека двете држави имаат долга заедничка историја, истакнувајќи дека „Србите не биле секогаш злосторници и не биле секогаш жртви “.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com