5.8 C
Skopje
Friday, December 9, 2022

Американската Гимназија Скопје почна со настава и паралелката со програмата за Меѓународна матура

Најчитани вести

Од оваа учебна година, во Американската Гимназија Скопје почна со настава и паралелката со програмата за Меѓународна матура. Се работи за International Baccalaureate Diploma Programme, престижна меѓународна програма која се заснова на интензивни и балансирани академски содржини, и чија цел е да ги подготви учениците за успех и во текот на подоцнежното студирање, како и во текот на целиот живот.

IB DP е програма која е силно посветена на интелектуалниот, социјалниот, емоционалниот и психофизичкиот развој на учениците, и истата е признаена и прифатена од страна на водечките универзитети во светот. По нејзиното завршување, учениците добиваат IB DP диплома, која сведочи за нивото на постигнатите знаења и способности.

Она што е посебно значајно кај оваа програма е што учениците добиваат предизвик да станат што поуспешни во учењето и во личниот развој. Покрај класичните предмети и теми за работа, во програмата се вклучени и предметите „Теорија на спознавање“ и „Креативност, активност, работа“, чија цел е да се поттикне љубов кон учењето, ентузијазам и емпатија во текот на целиот живот. Тоа се постигнува со грижлив и посветен пристап на професорите, кои се грижат за развојот на секој ученик. Ваквиот уникатен пристап овозможува да се изградат вистински подготвени ученици и со високо ниво на академско знаење, но и со висока етичка свест, способност за критичко размислување и одлучување, силна самодоверба и посветеност за решавање комплексни ситуации и проблеми во вистинскиот свет.

Моделот на учење во IB DP се заснова на зајакнување на аналитичките, критичките и останатите когнитивни вештини кај учениците, со што тие учат и комуникациски вештини, социјално однесување, како да откриваат и да истражуваат, итн. Станува збор за интегрален пристап во кој професорите, училиштето и програмата се посветени на една заедничка цел – да креираат успешен ученик, опремен со современо знаење и вештини за светот околу нас.

IB DP програмата е достапна за учениците од 3 и 4 година средно образование, и уписот во IB DP паралелката е сѐ уште отворен. За повеќе информации, посетете ја веб страната на Американската Гимназија Скопје – www.ahss.edu.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести