15 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Американките возбудени што ќе работат со Андоновски: Добивме прекрасен човек за селектор!

Најчитани вести

Македонскиот тренер Влатко Андоновски од синоќа и официјално е нов селектор на најтрофејната фудбалска нација во женски фудбал, откако ја наследи Џил Елис на кормилото на САД, само четири месеци откако Американките стигнаа до нова светска титула.

Андоновски од поодамна беше меѓу главните кандидати, годинава беше прогласен за најдобар тренер во женски фудбал (негово второ вакво признание), ама очигледно во изборот за селектор пресудно бил и ставот на американските фудбалерки, кои синоќа соо воодушевување го дочекаа изборот на Македонецот, посочувајќи дека ќе работат со – прекрасен човек.

Андоновски во досегашната кариера работеше со Меган Рапино, актуелната најдобра светска фудбалерка, која не ги криеше пофалбите за македнскиот стручњак, ама не е Рапино сама на ставот дека го имаат најдобриот тренер кој можеле да го добијат.

„Тој е еден од најинтелигентните фудбалски мозоци кои сум ги сретнала. Подготвен е екстремно во секој смисол. Ја знае играта, ја проучува, а толку многу време посветува на неа… И сигурно е еден од најдобрите луѓе кои сум ги сретнала, според начинот како се однесува со фудбалерките“, вели Али Лонг, американска репрезентативка, која исто така соработувала со Андоновски.

Емили Сонет, пак, е фудбалерка која досега не била под палката на Македонецот, ама од сето тоа што го слушнала, признава дека одамна посакувала да соработува со него

„Кога ќе ја видам Беки Соербрн, која ја тренираше Влатко во Канзас и кога ќе видам што направил од неа, а и од дел од интернационалките, можам само да кажам – неверојатно! Се изнаслушав еден куп пофалби за Влатко, а од поодамна зборувам дека ќе имам шанса да соработувам со него и ја добив“, вели Сонет.

Многумина се прашуваат во што е тајната што Андоновски толку со воодушевување го прифатија во светскиот првак, а Беки Соборн посочи три работи – верба во тимот, постојаниот напредок и можноста од секој да го извади најдоброто.

„Пет години работев со Влатко и тој е прекрасен тренер. Дури мислам дека и кога имаме ‘тенок ростер’, знаеше да го извади најдоброто од нас, да се развиваме уште подобро, ама тоа што беше најважно е дека постојано веруваше во тимот“, вели Сорбрн.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести