23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Американка по грешка го застрелала сопругот в глава

Најчитани вести

Николас Кол завршил на интензивна нега по инцидент што се случил на автопат во Алабама во саботата.

Според извештајот на канцеларијата на шерифот на округот Калман, во 18:45 часот дошло до конфликт на автопатот 69 во Доџ Сити, Алабама. Конфликтот продолжил во куќата на семејството Кол во Бремен, Алабама, објави Си-ен-ен.

„За време на инцидентот дошло до кавга во која Ерика Кол се обидела да пука во трето лице, но по грешка го застрелала сопругот во глава“, изјави заменик-шерифот на округот Калман, Бред Вилијамс.

Николас веднаш бил пренесен во болница, во одделот за интензивна нега, каде што престојувал до вчера.

Ерика Кол е уапсена под обвинение за обид за убиство, напад од втор степен и неразумно загрозување на животот. Таа била задржана во притвор и и била одредена кауција од 30.000 долари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести