20 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Амбициозен план: Stellantis ќе има 39 електрични модели до крајот на 2021 година

Најчитани вести

Fiat Chrysler (FCA) и Peugeot-Citroen (PSA) го објавија спојувањето во новата компанија наречена Stellantis, а нејзиниот извршен директор Карлос Таварес изјави дека со спојувањето се создал еден од најголемите производители што ќе го зголеми присуството на пазарот

„Stellantis ќе посвети посебно внимание на развојот на електричните автомобили и до крајот на годината бројот на електрични модели ќе се зголеми од сегашните 29 на 39 модели“, објави Таварес на дигиталната прес-конференција под наслов „Создавање нов светски лидер во одржлива мобилност“ (Buinding a new world leader in sustainable mobility). 

Тој притоа потсетува дека групите постигнале договор за спојување во декември 2019 година, а формално-правното спојување беше завршено на 16 јануари 2021 година.

„Ова е важен ден на Stellantis. Нашите компании интензивно работеа на ова спојување и работата беше завршена без никакво одлагање. Ова е почеток на ново и возбудливо патување”, изјави Таварес.

Таварес посочува дека тие сега продаваат автомобили во повеќе од 130 земји, како и дека имаат индустриски операции во повеќе од 30 земји.

„Stellantis ќе создаде дополнителна вредност од 25 милијарди евра преку спојување на двете групи“, вели Таварес.

Според него, заедничката компанија ќе им помогне на FCA и PSA да ги надминат сите предизвици што сега ја оптоваруваат автомобилската индустрија, како и да го зголемат уделот на пазарот.

„Ги следиме трендовите, Stellantis ќе биде единствена компанија, ќе имаме многу повеќе можности, поголема ефикасност, ќе развиваме иновации и ќе бидеме лидери во создавањето на мобилна одржливост. Ние сме присутни на сите поголеми пазари, имаме можност да се пробиеме на кинескиот пазар. Добро се снаоѓаме во Америка и Европа”, вели Таварес, додавајќи дека Stellantis започнува од многу добра почетна позиција.

Одговарајќи на прашањето на новинарите што ќе се случи ако новата компанија мора да ги намали операциите и бројот на работници поради кризата предизвикана од пандемијата, Таварес вели дека спојувањето на двете групи ќе биде „штит“ што ќе спречи вакво сценарио во FCA и PSA.

Патем, тргувањето со обични акции на Stellantis на берзата Euronext во Париз и берзата Mercato Telematico Azionario во Милано започна на 18 јануари, а вчера започна и на Њујоршката берза (NYSE).

Седиштето на Стеллантис е во Амстердам.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести