Home » Амбер Херд за прв пат се појави во јавноста откако го загуби судењето со Џони Деп

Амбер Херд за прв пат се појави во јавноста откако го загуби судењето со Џони Деп

by Журнал.мк

Амбер Херд за прв пат се појави во јавноста откако го загуби судењето со нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп.

Таа е видена како лета за Њујорк на еден ден со приватен авион. Како придружба беше нејзината сестра Витни и еден од нејзините помошници, а само неколку часа подоцна повторно се качија во авионот и се вратија во Вашингтон. Патувањето на Амбер Херд изненади многумина на социјалните мрежи, бидејќи нејзините адвокати секојдневно за медиумите тврдат дека таа не може да му ја плати на Деп отштета, а сега одлучила да отпатува во Њујорк на само неколку часа, со приватен авион.

Да потсетиме, адвокатскиот тим на Деп, кој го сочинуваат Камила Васкез и Бенџамин Чу, објавија дека постои можност Деп да и прости 8 милиони долари отштета на Амбер, откако нејзиниот адвокатски тим инсистираше дека таа не може да си го дозволи и ќе поднесе жалба на пресудата.

Да потсетиме, Џони Деп ја тужеше Амбер Херд за клевета, тврдејќи дека тоа му го уништило угледот и кариерата, бидејќи во една колумна објавена од „Вашингтон пост“ во 2018 година напишала дека трпела семејно насилство. Иако актерката не го спомна познатиот актер, оваа колумна привлече големо внимание, а Деп поради последиците ја поднесе споменатата тужба. Судењето траеше шест недели.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More