Home Регион Амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас – Грција доби службена Влада –

Амбасадорот Каскарелис на местото на Дендиас – Грција доби службена Влада –

by Журнал.мк

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис на позицијата шеф на дипломатијата, поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис. Тие се дел од министрите во новата, службена Влада на Грција, која утре напладне ќе положи свечена заклетва, јави МИА од Атина.
Привремената Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата владин портпарол ќе биде новинарот од државната телевизија ЕРТ Илиас Сиакандарис.
Во МНР на Грција на местото на Никос Дендиас, во периодот до изборите на 25 јуни доаѓа искусниот дипломат, почесниот амбасадор Каскарелис, кој во неговата кариера бил постојан претставник на Грција во ОН, во НАТО, како и во ЕУ, а бил и амбасадор во САД.
Во текот на утрешниот ден, по свечената заклетва во Претседателската палата закажана за 12 часот, во секое од Министерствата ќе има и примо – предавање на функциите.
Новиот, привремен претседател на грчката Влада Јоанис Сармас, денеска положи свечена заклетва, по што се сретна со, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, со што и официјално ја презеде функцијата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More