Само еден ден по спектакуларната презентација на Нејмар како нова ѕвезда на тимот, Ал Хилал утринава го потврди новото засилување Александар Митровиќ.
Српскиот репрезентативец инсистираше на разделба со Фулам и трансфер во Саудиска Арабија, па сега ќе му биде нов соиграч на сонародникот Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Фулам ќе добие околу 50 милиони фунти од продажбата на Митровиќ, а напаѓачот потпишал тригодишен договор со кој сигурно ќе има многу поголема заработка од периодот во редовите на премиерлигашот.
Митровиќ постигна 111 погодоци на 205 настапи за Фулам, каде пристигна во 2018 година, а минатата сезона постигна 14 голови во Премиер лигата.
Покрај Нејмар и СМС, Ал Хилал ги обезбеди услугите и на Кулибали и Невеш од премиерлигашки клубови, односно Малком кој дојде од редовите на Зенит.