Дисциплинската комисија на ФИФА го казни саудијски Ал Наср со забрана за ангажирање нови играчи во следните три преодни рока.
Според англиски „Дејли мирор“, ФИФА го казни клубот за кој игра Кристијано Роналдо поради неисплатен долг кон Лестер за трансфер на Ахмед Мусе во 2018 година.
Ал Наср во трансфер вреден 16,5 милиони евра му остана должен на англискиот второлигаш околу 460.000 евра со камати, а бидејќи не ги уплатил по бројни опомени, ФИФА одлучи драконски да го казни клубот кој пред само неколку дена му плати на Интер 18 милиони евра за Марсело Брозовиќ и му даде 30 милиони евра годишна плата.