12.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Ал Келаифи откри каква порака му испратил на Лапорта во врска со Меси

Најчитани вести

Насер Ал Келаифи се закани дека никогаш нема да го продаде Килијан Мбапе и дека Французинот нема шанси да си замине од Париз беспари, но во бруталното интервју кое го одработи за „Л’Екип“, се огласи и на една тема која беше доста актуелна на средина на сезоната.

Првиот човек на ПСЖ уверува дека клубот се уште будно ја следи ситуацијата со најголемата ѕвезда на Барселона, бидејќи повеќе од јасно е дека Лионел Меси се уште размислува за тоа дали ќе остане на „Камп Ноу“ и дали ќе ја прифати понудата која му ја доставиле раководните структури.

Самиот Жоан Лапорта призна дека Меси има многу подобри и побогати понуди од други клубови, но се надева дека на крајот ќе пресуди љубовта и добриот проект кој тој му го нуди во Барселона.

Во оваа верзија не е толку убеден Ал Келаифи, кој и откри на јавноста каква искрена порака му испрати на претседателот на Барса.

– Не сакам да откривам детали за преговори кои се во тек. Сепак, ќе ви откријам што му кажав на Лапорта. Му порачав дека договорот на Меси истекува и дека сите сме слободни да преговараме директно со него, а не со клубот, – потенцира Ал Келаифи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com