23.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Алтмајер: Северна Македонија и Албанија не се подготвени за членство во ЕУ

Најчитани вести

Германскиот министер за економија, Петер Алтмајер, изјави дека Северна Македонија и Албанија напредуваат, но сè уште не се подготвени за членство во ЕУ, бидејќи за тоа е потребна силна борба против корупцијата и независност на правосудството во двете земји.

„Уште не се исполнети сите критериуми за овие две земји да бидат подготвени за членство во ЕУ“, изјави Алтмајер на самитот Западен Балкан во Познањ.

Тој не сакаше да ја коментира одлуката за одложување на почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија, но нагласи дека ЕУ мора да усвои едногласна одлука.

„Како министер за економија, сакам да видам стабилен економски развој во сите земји од Западен Балкан, без оглед на тоа каде и под кои услови ќе се случи пристапувањето кон ЕУ. Важно е да се обезбеди граѓаните од овој регион да имаат перспектива и учество во економскиот раст, во новите работни места и обуките“, изјави Алтмајер.

Во таа насока, додаде германскиот министер, работиме со овие земји, како што беше дигиталниот самир каде склучивме договор за роаминг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести