11.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Алтернативата за „Рекет“: Да не дозволиме од успешна приказна да се претвориме во септичка јама

Најчитани вести

„Очекуваме да се изнајде некој во оваа држава кој ќе има државна свест и совест и кој ќе посакува Северна Македонија да не се претвори од успешна приказна, која се одвиваше овие две години, во септичка јама, во која ќе цутат организираниот криминал и корупцијата“. Ваков е ставот на политичката партија Алтернатива на Африм Гаши, од каде што денеска се осврнаа на случувањата со аферата „Рекет“.

Независно од нивната моментна политичка позиција, нагласуваат од Алтернативата, тие остануваат на ставот дека селективната правда е уривање на државата.

„Почитувајќи ја пресумцијата на невиност, не си даваме право да присвоиме улога на судија, но затоа го повикуваме Основното јавно обвинителство за случајот ‘Рекет’ да има најголема посветеност и притоа никој да не биде амнестиран, кој и да е тој и каква и да има функција. Криминалците и рекетарите имаат само еден заеднички идентитет на криминал и рекет“, нагласуваат од партијата на Гаши.

Алтернативата ја потврди поддршката за Законот за Јавното обвинителство, со што се предвидува и СЈО да стане дел од Основното јавно обвинителство и нагласи дека остануваат на ставот оти со новото Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција треба да раководи Албанец.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com