Поранешниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо имаше најбрзо време на првите тренинзи пред првата трка во новата сезона, која се вози за Големата награда на Бахреин.
Возачот на Астон Мартин беше најбрз на вториот тренинг на кој постави време од 1.30.907, а неколку часа претходно беше втор зад Серхио Перез од Ред Бул.
Третиот тренинг во Бахреин се вози в сабота од 12.30 часот, додека квалификациите се закажани од 16 часот. Исто така, трката се вози в недела од 16 часот.