Луис Хамилтон ја призна грешката во инцидентот со Фернандо Алонсо во првиот круг, но сепак одби да му се извини на Шпанецот откако дозна какви зборови употреби ветеранот во тие моменти.
Поранешните тимски колеги имаа нов дуел на патеката и подебелиот крај го извлече Хамилтон кој ја заврши трката во првиот круг, но повеќе нервозен беше Алонсо кој распали по тимското радио и не се штедеше со зборовите.
– Каков идиот, затвора од надворешната страна…. Имавме мега старт, но овој знае да вози само кога е прв и кога стартува прв…, – порача Алонсо.
Возачот на Алпин на крајот заврши петти поради грешката на Ферари со Леклер и освои важни поени, но сепак новинарите посебно сакаа да извлечат коментар за неговата навреда кон Хамилтон.
– Прво и основно, бев изненаден од тоа што се случи и бев нервозен и лут. Во секој поглед, кога зборуваше преку радио, зборуваш со вашиот инженер и со твојот тим. Вистинска штета е што сетоа тоа се емитува, бидејќи тоа што го кажуваме, го кажуваме кога главите ни се навистина жешки. Сега сум многу посмирен и гледам на друг начин. Кога зборуваш преку радио, треба да остане комуникацијата со твојот тим, бидејќи во тие моменти можат да се кажат многу работи, – изјави Алонсо.