15.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Алијанса: Не се остварени ниту целта, ниту духот на Преспанскиот договор

Најчитани вести

„Алијанса за Албанците изразува жалење што дури и по три години, главната цел на Договорот од Преспа сè уште не е постигнат, но и дека не се чувствува ниту духот на овој документ. Нашата земја е сè уште далеку од отворање разговори со ЕУ, иако за три години, Владата ги излажа граѓаните најмалку три пати”, реагира Алијанса за Албанците на тригодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Духот на Преспанскиот договор, исто така, требаше да се рефлектира и во односите со сите соседни земји, за подобрување на комуникацијата, за решавање на споровите, унапредување на билатералните и регионалните односи, спроведување на заедничките развојни проекти и за интеграцијата на регионот во Европската Унија, смета партијата.

Но Алијанса за Албанците нагласува дека како во тоа време, кога, како што се нагласува, кога гласовите на пратениците од партијата беа решавачки за уставните промени, така и сега ќе продолжи да дава придонес за реализација на тој договор.

„Како опозициска партија, меѓу ретките, докажавме како интересот на земјата и на граѓаните се става над партискиот, што за жал не се случи исто од страната на власта. Стагнација на реформи, криминал и корупција, партизација на правдата, етничка и политичка дискриминација, се само дел од дамките што го загрозуваат самиот Договор од Преспа и иднината на земјата, како што се очекуваше пред три години“, се вели во партиското соопштение..

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести